Партнери
НИКОЛА ПОЛЕНАК, адвокат. Член на комората од 1976 година. Дипломирал во 1969 година на Правниот Факултет при Универзитетот Кирил и Методиј во Скопје. До 1976 работел како судија во кривични постапки во Општинскиот суд во Скопје. Работи на кривични и граѓански предмети.
Зборува течно Француски и ограничено Англиски јазик.
Членства:
•
Управен Одбор на ИЗВОЗНА И КРЕДИТНА БАНКА АД Скопје;
•
Адвокатска Комора на Република Македонија од 1976.
КРИСТИЈАН ПОЛЕНАК,
адвокат. Дипломирал 1994 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работи на преземања и спојувања, банкарско работење, регулатива во врска со хартии од вредност, право на друштва и корпоративно управување. Управувачки партнер во друштвото.
Членствo:
•
Независен член на Надзорниот Одбор на SPARKASSE Банка Македонија АД Скопје, од 2011;
• Претседател на Одборот на Директори на Македонската Берза 2007-2011;
• Член на Управниот Одбор на ПИВАРА АД Скопје 2008-2009;
•
Управен Одбор на Американската Стопанска Комора во Македонија од 2000 година (еден од основачите) и Претседател на Одборот во 2006/2007;
• Неизвршен член во Управниот Одбор на Осигурителното Друштво ЕУРОЛИНК АД Скопје, 2002-2005.
• Неизвршен член во Управниот Одбор на ЕУРОСТАНДАРД БАНКА АД Скопје, 2001-2004;
•
Неизвршен член во Управниот Одбор на Брокерската Куќа БРО-ДИЛ АД Скопје, 1999-2003;
• Меѓународна Адвокатска Асоцијација (International Bar Association) и член на нејзиниот Европски Форум;
• Адвокатска Комора на Република Македонија, од 1996.
ТАТЈАНА ПОПОВСКИ - БУЛОСКИ, адвокат и овластен застапник за индустриска сопственост. Дипломирала во 1998 на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во Скопје. Работи на индустриска сопственост, стопански спорови, право на конкурентност, граѓанска постапка, работни односи, длабински анализи на друштва.
Зборува течно Англиски и Француски јазик.
Членствo:
• Независен член на Управниот Одбор на Осигурителното Друштво ЕУРОЛИНК АД Скопје, од 2008;
• Член на Надзорниот Одбор на IT компанијата ЕУРОНЕТКОМ Скопје;
• Меѓународна Адвокатска Асоцијација (International Bar Association), од 2006;
• Член на Здружението на жени правници TEMИС – Скопје, од 2003;
• Член на Tимот за трговско право при Македонската Академија за судии и обвинители, од 2003;
• Член на Извршниот Одбор на Европското Друштво на Правници (EЛС), од 2002;
• Претседателка на Законодавната Комисија на Американската Стопанска Комора во Македонија;
• Адвокатска Комора на Република Македонија, од 2001;
•
Почесен Член на Европската Асоцијација на Студенти по Право
(EЛСА - Македонија), од 1998.
Соработници
 |
Зоран Андоновски, постар стручен соработник, дипломирал во 1999 година на Правниот факултет при Универзитетот Св.
Кирил и Методиј во Скопје. Од 2002 година, по положувањето на правосудниот испит, е вработен во Адвокатското Друштво
Поленак и работи на прашања од граѓанското право, граѓански спорови и административни процедури поврзани со
недвижности и денационализација. Тој исто така покрива и прекршочни постапки. Говори руски јазик. |
 |
Слободан Христовски, постар стручен соработник, дипломирал во 2004 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св.
Кирил и Методиј во Скопје. Г-динот Христовски започнал како адвокатски приправник во Адвокатското Друштво Поленак и
од 2007 година е постар соработник во Друштвото. Г-динот Христовски е стручен за граѓанско право и за одделни прашања
во врска со недвижности. Тој се фокусира на судски постапки, недвижности и семејно право, како и разни проекти,
покривајќи прашања поврзани со недвижности и подвижен имот, судски постапки и материјални договори. Течно говори англиски јазик.
|
 |
Татјана Шишковска, стручен соработник, дипломирала во 2004 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и
Методиј во Скопје. Нејзиното професионално искуство започнува од декември 2003 година во Собранието на Република
Македонија работејќи како приправник до 2004 година. По двегодишна обука во периодот од Октомври 2005 - Октомври 2007
во Адвокатското Друштво Поленак, таа го положи правосудниот испит. Нејзини главни области на делување се статусни
промени и превземања на трговски Друштва, банкарско право, хартии од вредност и корпоративно управување. Течно говори
англиски јазик. |
 |
Александар Димиќ, стручен соработник, дипломирал во 2005 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и
Методиј во Скопје. Во 2005 година поминал дел од обуката во Собранието на Република Македонија. Од 2005 година работи
во Адвокатското Друштво Поленак, а од 2007 година како стручен соработник. Работи во областа на трговското и
граѓанското право и недвижности. Говори англиски јазик. |
 |
Наташа Попова - Алебиќ, стручен соработник, дипломирала во 2005 година на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил
и Методиј во Скопје. Од 2006, Г-Ѓа Попова-Алебиќ е лиценциран застапник за трговска марка. Започна како приправник
во Адвокатското Друштво Поленак во април 2005 година. Најмногу работи на правни прашања кои се однесуваат на
интелектуална сопственост и административно право, како и на граѓанско право. Говори англиски јазик.
|
 |
Ана Хаџиева - Ангеловска, стручен соработник, дипломирала на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј во
Скопје. Вработена е во Адвокатското Друштво Поленак од 2007 година. Нејзини клучни квалификации вклучуваат заштита на
податоци, работни односи и работни постапки. Течно говори англиски и грчки јазик.
|
 |
Методија Велков, стручен соработник, дипломирал во 2007 на Правниот Факултет при Универзитетот Св. Кирил и Методиј
во Скопје. Од 2008 е вработен во Адвокатското Друштво Поленак. Неговиот главен фокус е финансиско право, даноци,
заштита на конкуренција и административно право. Говори течно англиски и германски јазик. |
Адвокатски Приправници
Војдан Манчев, дипломиран правник
Елена Јордановска, дипломиран правник
Марина Црцаревска, дипломиран правник
Златко Маркоски, дипломиран правник
Илина Димовска, дипломиран правник
Бојан Димитровски, дипломиран правник
Мирослав Драганов, дипломиран правник
Марија Петроска, дипломиран правник
|